Kolege iz Makedonije jačaju svoje redove

Posted on 26/12/2012

0



Независно студентско движење – СЛОБОДЕН ИНДЕКС

СЛОБОДЕН ИНДЕКС е неформално, партиски и финансиски независно студентско движење во кое група студенти од државните факултети се борат за подобрување на стандардот на образовниот систем.

Како движење Слободен Индекс постоиме од почетоците на 2009 година. Слободен Индекс е резултат на синтеза од студент(к)и кои веќе имаа учествувано во студентски активизам, како одбележувањето на 40 години од 68-ма и активности против комерцијализацијата во високото образование, заедно со новосоздадени групи и индивидуи. Тоа што ги спои овие групи и индивидуи, покрај заедничките проблеми, е и желбата за промена, за делување, за активно учество во градењето на студентското движење.

С Т А Т У Т

Слободен Индекс е независнa студентска група организирана на принципите на директна демократија која се бори за бесплатно образование, студентско самоорганизирање, автономија на универзитетите и слободен, еманципаторен образовен систем. Групата првенствено делува во рамки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со тенденција да се прошири и на останатите универзитети.

1. Цели
Слободен индекс се залага за:
Бесплатно, односно целосно јавно-финансирано образование на сите нивоа, достапно за сите слоеви на општеството. Финансиската состојба не смее да биде услов за пристап до знаењето. Знаењето е основно право на секој човек и колективно добро кое и припаѓа на заедницата. Знаењето не е стока и не смее да се продава и купува.
Студентско самоорганизирање базирано на директна демократија, како замена за претставничките студентски тела. Претпоставката дека мнозинството треба да биде претставувано од „избраници“ ја сметаме за навреда на интелектот и интегритетот на секој еден поединец припадник на студентската заедница. Студентите се храбри, одлучни и интелигентни се` додека се потпираат на сопствената сила, и како такви се способни сами да одлучуваат на своите универзитети. Парламентарните тела на универзитетите се исто толку неефективни, корумпирани, бирократизирани, своеволни и штетни за студентската заедница, колку што е и државниот парламент за заедницата на луѓето.
Остварување на потполна политичка автономија на Универзитетот, без вмешување на државата и пазарот. Единствена врска меѓу државата и Универзитетот треба да се средствата кои државата ги усмерува за потребите на Универзитетот, а кои се средства од даноците на сите припадници на заедницата. Универзитетот не е претпријатие и не смее да има мотив за профит. Наставата не треба да се приспособува на потребите на пазарот, пазарот треба да се приспособува на потребите на луѓето. Се` додека целта на науката и знаењето е профит, а не трагање по вистината, образованието ќе остане чист бизнис и ќе служи за комплетна комерцијализација на сите материјални и духовни добра во општеството.
Еманципаторно, слободно образование, и за таа цел укинување на Болоњскиот процес. Болоњската декларација, како носител на идеалот за претворање на Универзитетот во „фабрика на знаење“, е директен учесник во тивката приватизација на јавното образование и во се` поинтензивната комерцијализација, како и во преминот од знаењето како добро, во знаењето како продукт. Слободното образование треба да е втемелено на прогресивни и рационални идеи и на критичко мислење, како основа за духовен прогрес на човештвото.

Барањето за бесплатно, слободно и еманципаторно образование треба да се сфати во поширок контекст како почетна точка во борбата против капитализмот и улогата на државата како чувар и заштитник на истиот. Инстистирањето на студентско самоорганизирање и директна демократија треба да се сфати како напад на секоја хиерархиска структура во сите сфери на општеството, од универзитетот, преку заедницата и работното место, се` до самиот државен апарат. Укинувањето на партиципацијата само по себе нема да значи ништо ако универзитетите и понатаму се водат по пазарна логика и ако знаењето и натаму остане суровина за преработка и продажба, а квантитетот и натаму остане мера за квалитетот. Бесплатното образование има смисла само ако истовремено е и слободно и еманципаторно образование, ослободено од догми, државно влијание, идеолошка хегемонија, хиерархија и профит како цел, а да биде базирано на човековата потреба за потрага по знаење, научен напредок, критичко размислување и духовен прогрес на човештвото како цел.

2. Методи на делување
Слободен индекс делува според методите на директна акција, солидарност и взаемна помош, како и сите останати методи кои не ја загрозуваат нејзината независност и интегритет, а кои се во дадениот контекст соодветни за приближување кон целите, било да се институционални или вонинституционални.
Во остварување на своите цели, групата под никакви услови не соработува со политички партии, хиерархиски граѓански здруженија или фондации. Лобирање преку парламентарни претставници не спаѓа во нејзините методи на борба.

3. Начин на организирање
Слободен индекс е организиран на принципите на директна демократија. Единствен орган на групата се редовните состаноци. Групата е хоризонтално организирана, нема лидер, ниту претставнички тела, а сите одлуки се носат според принципот еден човек – еден глас и тежнеат кон концензус. Ниту еден член на групата не може да ја претставува истата.
Слободен индекс е неформална група и не е дел од официјалниот невладин сектор.

4. Начин на финансирање
Слободен индекс е самофинансирана независна група. Средствата за технички потреби доаѓаат од плаќање членарина на доброволна основа, од донации и од организирање на фандрејзер настани.
Во прилог на зачувување на нејзината независност, групата не прима донации од фондации и други формални здруженија.

5. Членство
Членството во Слободен индекс е неформално и променливо. Член на Слободен индекс може да биде секој кој е вклучен во образовниот процес на било кој начин (студент, ученик, родител, наставен и ненаставен работник во образовна институција). Членови на Слободен индекс може да бидат работници и невработени. Секој кој сака да членува во групата треба да се сложува со принципите наведени во овој статут.
Член на Слободен индекс не може да биде некој кој истовремено членува во политичка партија, студентско претставничко тело или воопшто во било каква организација која го поддржува хиерархискиот принцип и претставничката демократија.

6. Меѓународна соработка
Слободен индекс е група-членка на меѓународната студентска мрежа БАЛКАН СТУДЕНТ. БАЛКАН СТУДЕНТ е мрежа на независни студентски групи од Балканот кои се борат за бесплатно и слободно образование за сите.

https://slobodenindeks.noblogs.org/about/

“Kampanja za besplatno obrazovanje” i uredništvo njenog bloga, kolegama iz Makedonije okupljenim u Slobodnom indeksu čestita na jačanju organizacije. U akciju!

Advertisements